(ВИДЕО) Емотивен говор на Анџелина Џоли по примањето на специјалниот Оскар

Погледи:1615|
andjelina_djoli

Американската филмска академија синоќа, на затворена свечаност, ги додели почесните „Оскари“ на актерите Анџелина Џоли, Стив Мартин, Анџела Ленсбери и на италијанскиот костимограф Пјеро Този.

Анџелина Џоли ја доби специјалната награда за хуманост „Џин Хершолт“ наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд, а останатите тројца за своите истакнати кариери.

Откако Џорџ Лукас ѝ ја додели оскаровската статуетка, Џоли одржа краток говор во кој ѝ се заблагодари на својата покојна мајка за тоа што ја инспирирала да мисли на другите луѓе и да биде хумана.

-Тоа што стојам денес тука значи дека го направив тоа што таа го побара. Ако таа беше жива, ќе беше многу горда на мене – рекла Џоли.

-Кога ги сретнав оние кои ги преживеале војната и силувањата, знаев колку сум среќна. Сфатив колку сум била заштитена во животот. Бев одлучна тоа повеќе да не се повтори. Сите ние во оваа просторија сме среќни. Не можам да сфатам како јас го имам овој живот, а жената на другиот крај на светот со иста работна етика, страст и можеби со подобар талент за глума е заробена во бегалски камп. Таа нема глас. Се грижи што ќе јадат нејзините деца, како ќе ги заштити и дали некогаш ќе се вратат дома. Не знам зошто е овој мој живот, а оној нејзин. Не разбирам. Но, ќе направам што можам да им помогнам, рекла Џоли која од ден на ден изгледа се послаба и поистоштена.

Облечена во црн долг фустан од Версаче, Џоли позираше покрај својот свршеник Бред Пит и синот Медокс.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 × 9 =