Позната водителка казнета поради преголема брзина на зборување

Популарната водителка Рада Џуриќ е казнета поради преминување на дозволената брзина на зборување во емисијата „Београдска хроника“.

Како што јавуваат српските медиуми водителката дури повеќе од двојно ја преминала дозволената брзина од 120 зборови во минута во некои делови од емисијата.

Таа на моменти изговорила дури 290 зборови во една минута, за што е казнета со парична казна и со два казнени поени, а доколку во наредните шест месеци го повтори прекршокот постои можност привремено да и биде одземена дозволата за управување со „Београдска хроника“.

– Водителката на тој начин ја загрозила безбедноста на останатите учесници во снимањето на емисијата. Вистинска среќа е што никој не е повреден, изјавиле од полицијата.

(Оваа вест не треба да се сфати сериозно)

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести