Две кумановски момчиња избодени со нож, едното се бори за живот на скопските клиники

Двајца млади кумановчани, вчера биле избодени со нож. 17 годишниот Х.П. со неколку убоди бил пренесен на хируршкото одделение во кумановската Болница, но поради сериозните повреди, бил префрлен на скопските Клиники.

18 годишниот С.А. поминал со полесни повреди и задржан е на лекување во болницата во Куманово.

Според информациите на Канал 5, момчињата биле избодени вчера пред 21 часот, во дворот на детската градинка „Ангел Шајче“, на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на Куманово.

Напаѓачите, 18 годишниот кумановчанец М.М. и 15 годишниот кумановчанец Р.М. биле приведени и спроведени до Основниот суд Куманово со кривична пријава за убиство во обид.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести