Ноќеска пред ноќниот клуб Супер, на плоштадот во Скопје имаше пукање при што, според неофицијални информации, најмалку едно лице е повредено. Според очевидци, расправијата почнала во ноќниот клуб, а продолжила надвор, при што едно лице извадило пиштол и пукало. Полицијата е на местото на настанот и врши увид.




