Бразил не планира да му даде азил на поранешниот соработник на американската Агенција за национална бебзедност (НСА), Едвард Сноуден и покрај тоа што тој вчера предложи да помогне во истрагата за шпионажата на Бразилците и нивниот претседател од страна на САД, објави бразилскиот весник „Фоља де Сао Паоло“.
Повикувајќи се на неиманувани владини представници, весникот наведува дека бразилската Влада не е заинтересирана да ги истражува програмите за масовно следење на Интернет, чие постење го обелодени Сноуден во јуни, и дека нема намера да му даде азил.
Во „Отворено писмо до бразилскиот народ“, објавено во „Фоља де Сао Паоло“ и на Фејсбук, Сноуден на бразилскиот Национален конгрес му предложи да ги испита шпионскита активности на НСА во Бразил, вклучувајќи го и следњето на личните комуникации на претседателката Дилма Русеф.
Портпаролот на бразилското Министерство за надворешни работи изјави дека Владата не добила официјално барање за азил од Сноуден.


