Сноуден изнел 1,7 милиони тајни документи

Поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден ги довел во потенцијална опасност воените сили на САД во странство, изјавија претставници на американските власти, нагласувајќи оти тој изнел 1,7 милиони тајни документи, од кои повеќето се воени.

Тајните податоци, кои се во сопственост на пребегнатиот соработник на НСА во најголем дел се однесуваат на воените операции на американската војска.

Претседавачот на Одборот за разузнавачки работи на американскиот Конгрес, Мајк Роџерс и неговиот заменик Даџ Раперсбергер изјавија дека Сноуден ги довел во потенцјална опасност силите на САД во странство, откривајќи ги шпионските методи, кои се спроведуваат.

Тие нагласија дека Сноуден украл околу 1,7 милиони тајни фајлови.

Сноуден од август минатата година се наоѓа во Русија, каде доби азил.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести