Поранешниот аналитичар во американската НСА, Едвард Сноуден можно е од самиот почеток да бил помаган од руската разузнавачка служба, тврдат американски конгресмени и сенатори.
Во изјава за Ен-Би-Си, претседавачот со Одборот за разузнавачки работи во Конгресот, Мајк Роџерс, го нарече Сноуден „крадец кој имал помош однадвор кога изнесувал документи од НСА“.
Сличен став зазедоа и неговата колешка од Сенатот Дајан Фајнстајн и конгресменот Мајкл Мекол кој го води Одборот за државна безбедност. Тие наведоа дека можно е Русија да му помогнала на Сноуден во кражбата на документи од НСА.
– Тој е крадец и евруваме дека работел со нечија помош. Сноуден не случајно со радост беше дочекан во Москва. Потребно е да се дознае повеќе за тоа и не е случајно што ФСБ е вмешана во неговото доаѓање, оцени Роџерс.
Сноуден моментно има привремен азил во Русија. Сенаторката Фајнстајн исто така смета дека е можно Сноуден да имал помош од Русија.
]]>


