Оваа “способна“ фирма за јавно осветлување, добила тендери главно од градоначалниците Коце Трајановски, Ивица Коневски, Тони Трајковски и Стевчо Јакимовски. Пред и по избори. „Почнувајќи од последните локални избори, оваа фирма од Град Скопје, два месеца пред локалните избори, на 31.01.2013 добила тендер за електрични инсталации за осветлување од 40 илјади евра. Половина година по локалните избори, оваа фирма ЕЛТРА ДООЕЛ добила два тендера од Град Скопје, на 11.09.2013 набавка на штедливи светилки, од околу 12 илјади евра и на 24.10.2013 за електрични инсталации за осветлување, бизнис од околу 102 илјади евра! Од општина Гази Баба, два месеца пред локалните избори, на 10.01.2013 оваа фирма, за изградба на улично јавно осветлување добила тендер од околу 33 илјади евра. Од општина Карпош, две недели пред локалните избори, на 11.03.2013 година, Стевчо Јакимовски и дал на ЕЛТРА ДООЕЛ за одржување на јавно осветлување од околу 50 илјади евра! И слушнете каков тендер добила роднински блиската фирма до Павловиќ Латас од општина Аеродром на 20 дена по вториот круг од локалните избори, на 24.04.2013 година. За нови линии за јавно осветлување Конески им дава на Павловиќ бизнис тежок над половина милион евра. 609 736 ЕВРА! Ако се погледне периодот пред и по предвремените парламентарни избори во 2011, токму оваа фирма добила од Град Скопје, на два месеца пред изборите, на 18.04.2011 година, тендер за изработка на проект за командување и управување на јавно осветлување од 52 илјади евра. Ваквата пракса продолжува и по предвремените парламентарни избори, на 12.09.2011 година, каде што оваа фирма, добила од Град Скопје тендер за улично осветлување на дел од пат, тежок околу 80 илјади евра. На половина месец по предвремените парламентарни избори, на 22.06.2011 година, Павловиќ добиле тендер од општина Гази Баба за одржување улично јавно осветлување од 33 илјади евра. И, оваа фирма со која управува сопругата на братот на Латас, заедно со уште 4 фирми од поранешниот градоначалник на Центар,Тодоровиќ, на само два месеца по предвремените парламентарни избори, на 5.08.2011 година добиле тендер тежок МИЛИОН ЕВРА!“, рече Шилегов. Ако се сумира, за две и пол години Коце Трајановски и дал на ЕЛТРА ДООЕЛ бизниси од половина милион евра. Општина Гази Баба и Тони Трајковски околу 200 илјади евра. Карпош и Стевчо Јакимовски околу 150 илјади евра. Од Аеродром и Ивица Конески, фирмата со која управува снаата на Павловиќ Латас добила бизнис над половина милион евра. Само две недели по локалните избори! Оваа фирма, ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, добивала бизниси за осветлување и надвор од Скопје. Така на пример учеството во само три тендери за одржување на уличното осветлување во Велес и носи околу 55 илјади евра. – Премиере Никола Груевски, Не одговоривте за наместениот милионски тендер за вашата миленичка Ивона Талевска. Не одговоривте за исплатените милион евра за Сител од коишто половината се непосредно пред локалните избори.Ниту Вие, ниту која било институција не најави испитување на скандалот што вчера го обелодени СДСМ со незапишаниот имот во хациенди на брдото во Зелениково, коишто видливо постојат во реалноста, но ги нема во Имотниот лист издаден на име Павловиќ Латас. Ќе молчите ли и за бизнисите од 3 МИЛИОНИ ЕВРА што ВМРО-ДПМНЕ ги дала на фирма со која управува сопругата на братот на Латас – истакна Петар Шилегов. Партискиот портпарол констатира дрка на ваков начин Никола Груевски добива избори, соо милиони евра, пари на граѓаните, купува уредници и медиуми. [gallery ids="124103,124104"]]]>


