Хафингтон пост – Вашингтон Една од географски најизолираните култури на планетава можеби крие тајни за среќата кои сите ние останатите очајно ја бараме. Можеби делумно заради одалеченоста на земјата, тибетанците станаа чувари на длабоката и добро сочувана мудрост која модерната наука дури сега ја дознава. Но додека „револуцијата на свесноста“ се шири на запад, и со се поголемиот број истражувања и откритија посветени на проучувањето на контемплативната пракса и науката за сочуството и алтруизмот, тајните на оваа древна традиција конечно почуваат глобално да бидат признаени. – Тибет најверојатно има најголемо богатство во древното контемплативно сознание, науката и мудроста околу тоа како да се влијае врз умот од надвор, рече за Хафингтон пост Џое Лоизо, одновач на Институтот Наланда за контемплативни науки. „Тибетанците имаат непрекинат тек на изразно знаење и за техничка експертиза… и во медицината и во психологијата“. Раните индиски култури развиле јавен систем на тренирање на свесноста – вклучувајќи ја и традицијата за Хата јогата и тибетанскиот будистички тренинг на умот – за да овозможат вештините од контемплацијата и позитивноста сите да ги научат, објаснува Лоизо. Лоизо е школуван психијатар на Харвард и будистички учител на Колумбија, и во неговата кариера голем дел поминал во спојување „на научното и спиритуалното“ воведувајќи ги древните учења за контемплативната пракса во модерната западна психотерапија и превентивната медицина. – Има се поголемо разбирање дека мора да се вратиме назад во правец на контемплативната традиција – древната мудрост која вели успори, обрни внимание, биди љубезен, миди смирен – додека нашата модерна мудрост вели дека мораме да итаме напред и во иднината. Сфаќаме дека тоа ниту за нас е одржливо, како цивилизација, ниту пак за нашите лични умови и мозоци. Тоа не растргнува и распарчува, како што ја растргнува и распарчува планетава“. Лоизо минал години учејќи со тибетански учители кои се во егзил во Индија и на запад, и е убеден дека тибетанската будистичка традиција – може многу да не научи како да живееме подобри животи. Еве четири основни лекции од тибетанскиот будизам, кои можат да помогнат самите да си ја дофатите среќата. Станете блиски со вашиот ум Потребни ни се две главни нешта за да бидеме среќни, вели тибетанската будистичка традиција: целосно умна свесност и мила сомилост. Теоријата вели дека комбинацијата на внимание и пријатна љубезност – кои двете можат да се изградат преку контемплативна пракса како што е медитацијата – може да помогнат да го доведат умот во стадиум на најголема пластичност и ориентиран кон прогресот, и да го поттикне развојот на поголемата состојба на свесност, вели Лоизо. Медитацијата – „тивката понизна работа која ја правите на дневна база“, вели Лоизо – е камен темелот на тибетанската контемплативна наука. Преку практикување на медитацијата, почуваме да ги надминуваме негативните мисли и постоечките емоционални одговори, и почнуваме да живееме од помирно, пофокусирано место, вели тој. – Над се, да се биде посмирен, поприроден и попросторен колку што е тоа можно. Излезете тивко од бучавата во вашето животно анксиозно јас, ослободете ги сите стеги, и опуштете се во вашата вистинска природа, советува Согјал Ринпоше во „Тибетанска книга на животот и смртта“, водич за медитација и тибетанска будистичка филозофија. „Замислете го вашето обично емоционално, видено од мислите јас како коцка од мраз или парче путер оставено на сонце. Ако се чувствувате тврдо и ладно, оставете оваа агресија да се стопи под сончевите зраци од вашата медитација“. Истражувањето сега оди во правец на враќање на користа од оваа стратегија растргната од времето за стабилизирање на емоциите, и во засилување на мозочниот капацитет за радоста. Истражувањата покажаа дека медитацијата може да биде ефикасна во намалување на анксиозноста и депресијата, во намалување на нивоата на стрес, намалување на осаменоста и за засилување на емоционалното задоволство. – Дваесет години и илјадници слушнати животни приказни ми создадоа неколеблива доверба во вистинскиотслободен потенцијал дека ние луѓето мораме да се излекуваме и да ги трансформираме нашите животи, напиша Лоизо во неговата книга „Одржлива среќа“ од 2012 година. Практикувајте сомилост, во секој момент Повеќето источни духовни традиции вклучуваат некој вид на практикување на сомилоста, или „милата љубезност“. Во будизмот, постои медитација за милата љубезност, мета бхавана, која вклучува испраќање љубезност кон себеси, кон саканите, кон членовите во заедницата, кон луѓето кои можеби не ги сакате, и на крајот кон сите живи суштества. Во тибетанската традиција, свештенците практикуваат тонглен, која се состои од вдишување страдање и издишување среќа, за да се намали болката и да се рашири мирот помеѓу сите живи суштества. – Она што е невообичаено меѓу тибетанците е тоа што тие го имаат она што јас го нарекувам „дисциплина во верзија со индустриска моќ“, рече Лоизо за практикувањето на милата љубезност. „Овие практикувања ни овозможуваат да го пресвртиме нашето чувство на животот како битка, стремеж за преживување против секого друг, во општо искуство на поврзување со пријатели и со поширокиот свет. Научивме дека тоа е толку важно за квалитетот на нашиот живот и за нашето лично чувство за значењето на животот“. Тибетанците смислиле моќен начин на помагање на луѓето учејќи како да станат посомилосни отколку тоа кое сега се користи во западниот свет. Во едно истражување од Универзитетот Емори од 2012 година, се открива дека научената сомилост која произлегува од дрвенната тибетанска практика, може да ја засили емпатијата, а други истражувања покажаа дека медитацијата за милата љубезност може да ги засили позитивните емоции, и со текот на времето тие да доведат до попозитивни односи. Поврзете се со другите кои го го поддржуваат вашето патување Традиционалнте „три драги камени“ на будизмот се состојат од Буда (примерот), Дарма (патот) и Санга (заедницата). Во оваа традиција, заедницата е исто толку важна како елемент како и другите во среќното живеење, во целисходниот живот. Но пораст на среќата и задоволството е тешко да се оствари сам. Тоа бара подршка и љубов од другите, и чувство на припадност кон заедницата. – Модерната невронаука ни покажува дека сме навистина поврзани за да бидеме екстремно социјални битија, вели Лоизо. „Посреќни сме и поздарави кога го правиме тоа на посветен начин… Мораме да научиме да се поврземе со другите со умствена отвореност и позитивност, и да се справиме со секојдневните пречки и опасни стрели, и преку работа врз нив да го одржуваме чувството на поврзаност кое е позитивно. Ова е нешто кое го практикуваме во духовните заедници“. Мрежите за силна социјална поддршка исто така се поврзани со бројни бенефити по здравјето, меѓу кои се и пониските нивоа на стрес и продолжениот животен век. Прифатете ја смртта – не се плашете од неа Во западните култури, нашиот став кон смртта е воглавно карактеризиран со страв и негирање – и ова може, свесно или несвесно, да предизвика големо страдање во текот на нашите животи. Но централен апскет на тибетанската будистичка филозофија е вербата дека смртта треба да биде прифатена, и концептот дека умирањето може да биде „крунско постигнување“ на добро живеениот живот. Иако овој став произлегува делумно од силната верба во реинкарнацијата, не мора да верувате во животот потоа со цел подобро да ја прифатите непостојаноста на животот овде и сега. Тибетанците веруваат дека медитацијата може да ни помогне да се избориме со природата на животот и смртта. Кога Лоизо работи со пациенти кои страдаат од хронична или повременска болест, покрај практикувањето на медитацијата и милата љубезност тој поминува и низ традиционалната тибетанска пракса со отварање на некои големи животни прашања: Што ти било значајно во твојот живот? Како се соочуваш со непостојаноста на твојт живот и со неизбежната смрт? – Да се биде способен да се прифати идејата за смртта и да се биде жив… некои од жените велат дека тоа им дава нов мотив во животот, вели Лоизо. „Древната традиција ја усмери науката да се обиде да се разбере процесот на смртта, и да му даде значење… Овој вид пристап на соочување со реалноста, дури и оние делови кои не плашат, имаат огромен потенцијал за лекување“. Отварањето на овие прашања може да помогне да се засили прифаќањето на нештата кои не можат да бидат сменети или контролирани, кои будистичките учења одамна ги наведуваат како клучни во намалувањето на страдањето. Сега оваа древна доктрина ја има науката на своја страна. Едно неодамнешно истражување покажа дека за време на тешките промени во подоцна возраст – како што е преселување во дом за стари лица и губење на независноста – прифаќањето на тоа што не може да биде променето може да биде значаен предуслов за животните задоволства.]]>


