СДСМ:Дали Никола Груевски ќе продолжи да молчи, додека од сметката на Актор АДГ Грција подружница Скопје не излезат сите 30 милиони евра во кеш?

-Дали со знаење на Никола Груевски се одлеани 3,5 милиони евра кеш пари од сметката на партнерот на македонската Влада од Република Грција, Актор, во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, праша СДСМ во своето соопштение, како одговер на реакцијата ВМРО ДПМНЕ за пресот на Петре Шилегов. Понатаму СДСМ прашува: Дали Никола Груевски ќе продолжи да молчи, додека од сметката на Актор АДГ Грција подружница Скопје не излезат сите 30 милиони евра во кеш? 10 проценти од префрлените 270 милиони евра, според досегашната динамика на исплати пари во готово и Дали Никола Груевски ја спречил истрагата за отворената постапка во Агенцијата за перење пари за овој случај? СДСМ истакнува дека непостапувањето на надлежните институции за случај како овој, според законот е кривично дело.  ]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести