(АУДИО) Јанкулоска: Војнициве спијат на железни кревети, со ќебиња од ЈНА, а Груевски нарачува 100 слики за музеј?!

На денешната прес конференција на СДСМ на која лидерот на партијата Зоран Заев ја презентираше шестата бомба, слушнавме разговори помеѓу Јанкулоска и Ставрески поврзани со трошењето на буџетските средства по нарачка на Никола Груевски.

Во првиот сет презентирани разговори Ставрески и вели на Јанкулоска дека буџетот е празен и нема пари за плати на администрацијата, подобро да се скратат 5 % или да се испуштат вработени. На ова Јанкулоска со констатација дека пари се даваат на непотребни работи како позлатени корици за книги или 100 слики за музеј, додека војниците спијат на железни кревети и се покриваат со ќебиња на кои пишува ЈНА.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести