(АУДИО) Јанкулоска: Човечињава од Пустец за рака фатени си гласаат

На денешната прес конференција на СДСМ лидерот на партијата Зоран Заев обелодени снимени телефонски разговори кои недвосмислено го покажуваат грабежот на изборите од страна на Никола Груевски.

Ќе слушнете како Груевски  ги краде изборите, за криминалите  за лични карти, уцената на фирми, земјоделците, администрацијата, социјално загрозени, пензионерите, а масовно ги злоупотребувале институциите, како изборни штабови на ВМРО ДПМНЕ.

Во првиот сет разговори Јанкулоска разговара со службеничка од МВР за гласачи кои ги носат  во села, со многу мал број гласови и  ставале по 42 – 44 луѓе во една куќа.

Ќе слушнете и како Груевски му вели на Јанакиески – да ни беа овие преспанците ќе завршевме работа и во Центар, а Јанкулоска гласачите од Пустец ги нарекува со погрдни зборови.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести