Калемен орев – во иста година садиш и береш

Калемените оплеменети ореови садници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1.500 до 2.800 кг/ха, во зависност од густината на садење која се движи од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер“.

Во Македонија оревот се одгледува стихијно со користење на сеанци и селектирани ореви кои даваат многу низок принос. Калемените ореви се употребуваат во мали насади и се уште немаме поголеми плантажи засадени со калемени ореви. Ова се должи на недостигот на знаење во делот на употребата на современи технологии во производството на садниот материјал за орев. Калемените оплеменети ореови садници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1500 до 2800 кг на хектар, во зависност од густината на садење која се движи од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер”.

Во науката се појавуваат најразлични нови методи на калемење. Една од нив е на турскиот експерт Вели Ердоган од универзитетот во Анкара, која за разлика од класичните калемења, дава подобри резултати и целиот процес се забрзува неколку кратно. Процесот трае само една година, од ‘ртење до питомка. Овој калемен орев веќе во втората или третата година почнува да дава плодови, за разлика од некалемените ореви кои почнуваат да раѓаат од осмата до триесеттата година од садењето.

Неговиот процес го прикажуваме низ слики, етапно, според фазите низ како се одвива со слики.

kalemeni_orevi

(Сл. 3.1а) Со цел да се омекне ореовата лушпа, плодови се ставаат во сад со вода на собна температура на период од 48 часа и додека трае овој процес, шупливите ореви што излегуваат на површината на водата се отстрануваат.

(Сл. 3.16) Потоа оревите се ставаат во садови наполнети со влажен перлит за да се изврши стратификација. Тоа се прави околу 20 јануари. Температура треба да биде од 1 до 4 Целзиусови степени, а процесот трае од 50 до 55 дена во ладна просторија со ладен воздух и влажност од 85%.

(Сл. 3.2) Се ставаат во пластеник на ‘ртење на температура од 23 до 27 Целзиусови степени и десет дена по засадувањето (Сл. 32б) насадените ореви на длабочина на 7 до 8 сантиметри во влажниот перлит или супстратот прортуваат и им израснува коренова сржна жила со должина 3-5 сантиметри.

(Сл. 33а) Врвот на сржната жила се скратува 3 до 5 милиметри за да се создадат странични корења за подобро разгранување на коренот. Вака изртениот орев со скратена коренова сржна жила се пресадува во полиетиленски ќесиња или пластични контејнери кои претходно се перфорирани за дренирање на вишокот вода. Ќесињата се со големина од 13 до 20 сантиметри, наполнети со мешавина на стерилизиран тресет и перлит во однос 2 спрема 1. Овие ќесиња се редат во тацни и се покриваат со пластична фолија со цел да се задржи влажноста на 80 до 85%, но и потребната температура во пластеникот за да раснат.

(Сл. 34) Процесот на култивирање на младите растенија на оревот трае се додека не пораснат на височина од 20 до 30 сантиметри. Секој ден се подига фолијата во времетраење од 2 до 3 часа за вентилација, за да не се појават трулежни габи.

(Сл. 34 б) Во Садот во којшто е засадено младото растение на оревот од котиледонот до епикотилот е околу 2 сантиметри и истиот се наоѓа на вратот на коренот на растението и се вика епикотилно растение. (Сл. 35а) За да може младите растенија да се користат како подлоги за котиледонско калемење, епикотилот се сече 2 сантиметри над котиледонот во кореновиот врат со остар нож како што е прикажано на (Сл. 3.5б).

(Сл. 3.6а) Епикотилот се разделува на средината со остар нож или скалпел во длабочина до 1 сантиметар.

(Сл. 3.6 б) Се прави питомка (калем- гранка) во форма на клин. По можност, и двете треба да бидат со иста дебелина – подолгата со калем гранката која се зема од саканата сорта или хибрид на орев.

(Сл. 3.7а) Потоа калем-гранката се спојува со подлогата.

(Сл. 3.7б) Споените места се премачкуваат со парафин за зацврстување на калемката и за сочувување на влажноста. На врвот на калем-гранката се става парафин.

(Сл. 3.8) Садот со епикотилната питомка се дополнува со перлит до висина на врвот каде што се оставаат две пупки за да почне растението да расте.

(Сл. 3.9а) Калемката со зафатен калус.

(Сл. 3.9б) Раст од пупка до млада питомка.

(Сл. 3.10) За да по два месеца растението постигне добар резултат на младата питомка, треба да се врши прихрана со течно ѓубриво во количество од 1 грам на литар макро и микро елементи со 19% азот, 19% фосфор, 19% калциум, 0,01% железо, 0,05% манган, 0,2% бор, 0,01% бакар, 0,05% цинк, 0,007% молидбен.

Извор: Моја земја

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести