(АУДИО) Заев: Не се само становите, Груевски дошол до локација вредна 5 милиони евра

Бил суров, злобен, непресметлив, прислушувал илјадници. Како овој човек бил нечесен, колку бил користољубив, што правел кога биле во прашање неговите интереси? Сега ќе стане јасно зошто се менувале плановите за Центар, по чиј налог и кој имал интерес од сето тоа? Зошто беше сета драма за Мирослав Шиповиќ, зошто Груевски и Мијалков правеле се за купување советници, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција на СДСМ.

– Зошто го поништувал гласањето во општина Центар? Се било за задоволување на мегаломанските афинитети на Никола Груевски. Не се само четирите стана, метрите квадратни, немало куќа плус што можело да го скраси. Низа скандали беа приредени за двата спорни урбанистички планови-Капиштец- Водно и Панорама.

dup

Станува збор за две атрактивни локации на кои удрил мерак Никола Груевски и дошол до нив. Нивната вредност е 5 милиони евра. Двата плацеви биле со намена за спортска рекреација, а ставиле за семејно домување со посебен режим. Еве го стариот урбанистички план, но ќе го видите и новиот план. Сопственоста на овие парцели покрај фирмата Кара на Орце Камчев е и на Ексико фамозната оф-шор компанија.

dup1

Веднаш зад Панорама на Водно, се случува друга промена-стои заштитено зеленило во првиот детален урбанистички план, во вториот проектирале три огромни маркици за куќи. Се работи за парцели од 11.000 метри квадратни. Имотите листови покажуваат дека се во сопственост на Сирак инженеринг, сопственост на Сирак компани од Белизе. Управител на таа фирма е кумот на Никола Груевски од првиот брак-Новачевски, човекот со милион функции, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Тој објави разговори за кои посочи како се мачи Груевски со Јанакиески низ шифри по телефон да му даде упатства за менувањена овие планови, а во разговорот вели-Не сакам по телефон да зборувам за тоа. Не знам дали вака можам да ти доловам во шифри, ама ајде. Добро значи три комада ќе може на тоа место.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести