Стојанче Ангелов им се обрати на насобраните граѓани кои дојдоа да протестираат пред МРТВ поради необјавувањето на снимките од „бомбите“ на опозицијата за криминалното и противуставно владеење на актуелната власт.
Тој рече дека денеска нема да влегуваат насилно туку ќе покажат како со љубов може да се совлада ова зло. На негов повик тргнаа жените и почнаа да ги гушкаат полицајците и да им велат да не се плашат бидејќи тие се нивни деца.
Сепак кога дојдоа до вратата на МРТВ ги пречекаа специјалци кои со штитови, шлемови и полна борбена опрема не дозволија влез во Јавниот сервис.
По неколку минутно скандирање Слобода, Слобода ….граѓаните се упатија кон Собранието на Република Македонија.


