Бабановски: Ахмети и Груевски заговараат вооружени судири во Липковскиот крај

Во врска со најновите случува околу нападот на полициската станица во Гошинце, професорот  Иван Бабановски напиша на Фејсбук:

Од мојот проверен извор во Кумановско добив информација дека е нападната полициска станица во село Гошинце – Липковски крај.

Има непроверени информации дека се киднапирани полицајци. Јас уште пред 20 дена информирав дека владеачките структури заговараат фингирани вооружени судири на липковскиот терен. На албанците од овој крај не им паѓа на ум да се вклучат во таа сулуда игра која треба да ги спасува криминалците на власт поради што се ангажирани 40 ветерани на ОВК од Косово, меѓу кои има и команданти од Танушевци.

Ова сценарио не го поддржуваат мнозинството од редовите на ДУИ, меѓутоа Али Ахмети мора да го слуша Груевски бидејќи овој наводно го уценувал со многу тешки документи за негова соработка со тајните служби.

Следете ги настаните и не верувајте дека во РМ има еден човек кој ќе поверува во овие бесмислени играрии, а сигурно ќе добиеме и нови снимки од комуникацијата на заговорот против мојата држава Република Македонија.

За сите други информации дополнително ќе ве информирам, вели  Бабановски.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести