Средношколски пленум: Залихите се потрошени, секој вид на донација е добредојден

Бриф.мк/Илин Николовски

„Почитувани, ве известуваме дека залихите на ‪Средношколски Фронт‬ се потрошени и секој вид на донација е добредојден. Ви благодариме на поддршката“, известија од Средношколскиот пленум на својата Фејсбук страница.

Како што пишуваат средношколците, потребни им се леб на парчиња, млеко, јогурт, овошје и зеленчук, конзервирана храна, намази, грицки, вода, сокови, пластичен прибор. Донациите може да се однесат во паркот спроти зградата на Министерството за образование каде што кампуваат веќе осми ден.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести