ВМРО-ДПМНЕ за директор на средно училиште поставува осуденик за насилство врз ученик

Соопштение од СДСМ Кавадарци:

Хаосот од криминалните политики во образованието од страна на ВМРО-ДПМНЕ постои и во Кавадарци, на штета на учениците.

За директор на средното општинско земјоделско – шумарско училиште Ѓорче Петров е поставен Благој Димитров, против кого е донесена предуда  за физички напад на ученик.

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ за директор на средно училиште поставува осуденик за насилство врз ученик.

presuda

Врз основа на која морална и правна основа Димитров е поставен за директор?

Кој е интересот на градоначалникот Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ да постави осудувано лице за директор?

Чии бизнис интереси се штитат?

Ова претставува скандал од невидени размери и за овој преседан одговорност мора да има.

Дополнително, од кога Димитров е поставен за директор, проблемите во училиштето се зголемуваат. Вработените се изложени на постојан мобинг и притисок, а неконтролираното трошење на буџетските средства зема замав.

Вработените во училиштето, како и родителите се револтирани и со право реагираат.

Бараме оставка веднаш, а надлежните органи и институции да преземат соодветни мерки.

presuda1 presuda2 presuda4

 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести