Поддржувачи на Љубе Бошковски протестираа за негово итно ослободување

Преку марш со автомобили и со снимки од „бомбите“ на опозицијата, граѓани и поддржувачи на партијата “Обединети за Македонија” протестираа пред Министерството за правда за итно ослободување на Љубе Бошковски. Го обвинија директорот на затворот во Идризово Живко Пејковски дека не го ослободува Бошковски поради политички притисок.
ljube_protest1
Пред неколку дена специјалното јавно обвинителство отвори истрага за предметот „Тортура“, за нечовечко постапување при апсењето на Бошковски, еден ден по изборите во 2011-та година, во кој се осомничени поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на единицата “Алфа” и други членови на оваа полициска структура. Од тимот на Катица Јанева се сомневаат дека ваквото однесување против лидерот на партијата Обединети за Македонија било поради политички реваншизам и предизвикување душевно страдање.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести