Bio_Kril

Блокирани Фејсбук профилите на Плусинфо, Либертас и на А1ОН

петок, 4 јануари, 2013 14:53

Плус Инфо

Од вчера се блокирани Фејсбук профилите на веб порталите Плусинфо, Либертас и А1 он, се жалат од редакциите.

Оневозможено им е да постираат и објавуваат текстови и содржини на своите Фејсбук профили.

Тие тврдат дека незнаат што се случува, но според познавачите такви ограничувања можат да се воведат единствено на барање на владини институции.

Не ја исклучуваат и можноста истото да е сторено со интервенција  од некоја институција или од група корисници на Фејсбук.

Од А1 ОН порталот реагирале, по што од Фејсбук добиле одговор дека се блокирани поради постирање на порнографска содржина.

Тие тврдат дека такво нешто не се случило, и дека не постирале никаков порнографски материјал а се сомневаат дека веројатно станува збор за интервенција поврзана со објавените фотографии на ќерката на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, кои секако не се порнографски.