Најголемите митови за комарците: Некои луѓе им се послатки од други
Дека сите комарци се исти е само мит. Различните видови на комарци...
СДСМ реагира дека се против-законски денешните конвенции на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ на коишто ги промовираат своите канидидати за градоначалници и советници, будејки кампањата сеуште не е почната.
- Веќе во подолг временски период, речиси повеќе од две недели ВМРО – ДПМНЕ е во незаконска кампања. Тие ги претставуваат своите кандидати, сечат ленти и отвораат некакви квази инфраструктурни објекти и ветуваат разно разни работи заедно со своите кандидати за градоначалници, со министрите, на чело со премиерот, речиси секој ден и тоа е спротивно на изборниот закон, тоа е спротивно на законот за спречување на корупција.
Она што и денеска тие го прават е директно прекршување на изборниот закон и законот за спречување на корупција. За сите досегашни, а за жал убедени сме и многу идни прекршувања на изборниот закон и водење на нефер кампања ќе го известиме меѓународниот фактор кој што има своја набљудувачка мисија, но ќе ги известиме и граѓаните за да имаат уште поголема потреба на следните локални избори да гласаат против режимот на Никола Груевски – изјави денеска Игор Ивановски, член на И.О. на СДСМ.
- СДСМ одамна најавува дека ВМРО – ДПМНЕ ниту сака, ниту знае, ниту има желба да води фер кампања и за таа цел ние од поодамна започнавме да ги регистрираме сите прекршувања на изборната кампања, дури и пред да започне. Водиме една црна книга и таа за жал дури и пред почетокот на кампањата е полна – изјави Ивановски.