Bio_Kril

СДСМ: Хајката на МВР и Груевски ќе биде казнета на 24 март

вторник, 5 март, 2013 16:15

SDSM sediste

Уште една во серијата потврди за недемократското однесување на власта на Груевски е денешната политичка хајка на МВР против пратеници, кандидати за градоначалници и активисти на опозицијата од Штип, велат од опозициската СДСМ по информацијата од штипската полиција дека против пратеничката Билјана Казанџиска и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип Здравко Коцев е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавата е за инцидент, кој според полицијата се случил при протестите на опозицијата во Штип.

-Партиско-полицискиот режим на Груевски добива нови димензии. Оние кои протестираа пред полициската станица во Штип, заради тоа што беа повикани на информативен разговор претседателот на ОО СДСМ Штип, кандидатот за градоначалник, шефот на Изборниот штаб и пратеничката од редовите на СДСМ, денес добија и кривични пријави. Сметаме дека овие пријави не се ништо друго освен политичка одлука и директна нарачка на политичкото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое уште еднаш го злоупотребува Министерството за внатрешни работи за партиски цели во предизборна кампања. На истиот начин како што Груевски, преку Јанкуловска, нареди насилно отстранување на новинарите и пратениците на 24-ти декември, сега се обидува да изврши притисок врз опозицијата и да ги заплаши граѓаните. Проценката на режимот и овој пат е многу погрешна. Власта драматично греши ако мисли дека некого ќе уплаши. На овој начин само дополнително го зголемуваат револтот кај граѓаните и решителноста на опозицијата да ја порази оваа ненародна власт. Првиот дел од казната за ова тоталитарно однесување овој режим ќе го добие на 24-ти март. Сигурни сме дека многу брзо ќе се срамат од овие свои постапки- велат од СДСМ.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>