Помош за малиот Јани
Драги Пријатели, мaлиот Јани кој денс има 3.5 год има потреба од...
Друштвото на писателите на Македонија денеска одбележува 100 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски.
За животот и делото на Коле Неделковски ќе зборува проф. д-р Валентина Миронска – Христовска од Институтот за македонска литература, а стихови од творештвото на поетот ќе чита Анастасија Стојчевска.
Годишнината од раѓањето на Неделковски Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа и во најновиот број на својот книжевен гласник „Стожер“.
Коле Неделковски р роден како Никола Крстев Неделков на 16 декември 1912 година во селото Војница близу Велес. Тој е истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни.
Неговиот живот трагично завршува под неразјаснети околности на 2 септември 1941 година.
Автор е на две книги: „М’лскавици” и „Пеш по светот”.