Bio_Kril

ДЕМАНТ од Јован Радњански за изјавата на пратеникот Борче Ставров

четврток, 7 февруари, 2013 20:33

РЕакција

До редакцијата на „Бриф.мк“ стигна писмо со реакција на веста: 

Борче Ставров: Радњански е обичен платеник на власта

Реагираше лично Јован Радњански и неговиот демант го објавуваме во целост:

Oбјавата на пратеникот Борче Ставров дека јас Јован Радњански сум вработен во општина Кавадарци и дека мојот брат Димитар е вработен во средно земјоделско училиште е лага со цел замајување на јавноста.

За небулозите кои ги пласира пратеникот ќе поднесам тужба за клевета.

Можеби пратеникот има имунитет, но тоа не му дава за право да изјавува се’ и сешто.

Место деградирање на мојот дигнитет би било пожелно да им објасни на Кавадарчани зошто неговата сопруга која е дел од менаџерскиот тим на В.В. Тиквеш не им ги исплатува на лозарите на време побарувањата на име предадено грозје.

Колку за информација јас сум невработено лице, а брат ми Димитар работи во приватна фирма како агроном.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>